Категории

Врзи ме!

Секое ограничување на мускулните и емоционалните активности може да ја интензивира сексуалната возбуденост. Врзувањето на вашиот партнер не претставува перверзија туку добро осмислена сексуална техника.

Врзувањето би можело да се сфати како блага сексуална агресија која може да го збогати вашиот сексуален живот, но за жал најчесто малку се применува поради стереотипните сфаќања на луѓето.

Според истражувањата потребата од привремена доминација е присутна и кај двата пола. Сепак овде не станува збор за груб и насилен секс туку за зачинета сексуална игра.

Некои жени имаат скриена потреба за доминирање која што се манифестира токму при практикувањето на овој тип на секс. Други пак се премногу нежни за да воспостават доминација, па затоа се возбудуваат кога некој доминира со нив.

Што се однесува до мажите истражувањата покажуваат дека голем број од нив доживуваат врв на своето задоволство кога ќе ја заврзат устата на својата партнерка. Тогаш најдобро ја истакнуваат својата доминација.

Понекогаш ваквиот сексуален однос не го постигнува саканиот ефект бидејќи партнерите ја немаат потребната спонтаност или пак не знаат како да се прилагодат. За среќа се’ се учи, па на крајот она што изгледа како мошне тешка задача може да доведе до екстаза.

Прегледи:
526
Ознаки:
·
Објавено на:
28.03.2016