Категории

Watly – машина која произведува чиста вода, струја и безжичен интернет

Машината “Watly”, која ја создаде истоимената италијанско-шпанска стартап компанија, личи на футуристичка вселенска капсула, но всушност е создавач на чиста вода, електрична енергија и безжичен интернет.

“Watly” има потенцијал да ги промени руралните предели на субсахарска Африка во која живеат повеќе од 625 милиони луѓе. Една третина од нив немаат пристап до електрична енергија, а 39% немаат пристап до чиста вода.

“Постои решение за луѓето кои немаат пристап до столбовите на цивилизацијата. Ние ги водиме тие луѓе кон 21-от век!”, изјави ко-основачот на компанијата, Марко Атисани.

Машината работи на принцип на собирање на соларна енергија коај потоа се конвертира во електрицитет содржан во батерија од 140 kwh. Батеријата го движи системот за прочистување на водата базиран на графен, после што водата се вари и дестилизира. Брзината на машината е производство на 5.000 литри чиста вода дневно.

Батеријата го движи и безжичниот интернет во круг од 800 метри, како и станицата за полнење на електрични уреди. Потенцијалното 15 годишно користење на “Watly” би заштедило 5.000 барели нафта или околу 2.500 тони стаклени гасови.

Прототипот на “Watly” се тестира во руралниот предел на Гана, а планот е да се прошири употребата во Нигерија и Судан. Исто така, во јули ќе биде прикажан и конечниот дизајн на машината со должина од 40 метри и тежина од 15 тона.

1605100682mn

“Имаме поддршка од големите корпорации, но моментално не можеме да го откриеме нивното име”, изјави Атисани. Покрај поддршката од компаниите, стартапот ја доби поддршката и од Европската Унија низ грант од 1,4 милиони евра во програмата “Horizon 2020”.

1605100684mn

Прегледи:
457
Објавено на:
11.05.2016