Категории

Ways2help повик: Да помогнеме на социјално загрозените семејства со донација на конзервирана храна!

 

 

  • Ways2Help ве повикува за помош и донации на конзервирана храна за помош на социјално загрозени семејства 
  • Ways2Help повик за донација на конзервирана храна за помош на социјално загрозени семејства

Со цел да се помогне на социјално загрозените семејства организацијата Ways2help во поддршка на организацијата Вистински Дела на Љубезност ве повикува за помош со донација на конзервирана храна за социјално загрозените семејства. 

 

Донациите во вид на конзервирана храна може да ги оставите било кој ден од 10-20ч. до 10ти Јули во просториите на Бродот на Среќата (првиот брод до Холидеј ин). Сите заинтересирани да допринесат  повеќе, да се вклучат во заедницата на волонтери може да го направите тоа преку нивната платформа, или во Четврток и Петок од 18-20ч.

 

Среќни сме што добивме веднаш поддршка од Бродот на среќата како локација. Впрочем и самото име на оваа локација го вклучува зборот среќа и е доста симболично и благородно и за вакви акции. 

Најмногу се радуваме кога гледаме вистински дела, од срце. Овој повик е за храна која не се расипува, бидејќи некои семејства немаат ни струја, па кој колку е во можност нека донесе. Се што сакаме е да израдуваме некое детенце и семејство со храна.

Наредната недела со тимот ќе бидеме скоро секој ден на терен, а во Четврток и Петок од 18-20ч. ќе бидеме и на ‘Бродот на Среќата’ каде ќе може да ја оставите храната.

Нема поубаво нешто од искрената насмевка на дечињата кои не бараат многу, а не се ни криви за ситуацијата во која се. Се гледаме!” – изјави една од основачите на Ways2help.

 

Ways2Help е заедница и платформа – победник на овогодинешниот Startup Weekend Covid едиција и е една од 54рите Techcrunch светски прогласени успешни решенија чија цел е да ги обедини сите организации, компании и индивидуалци чија желба им е да помогнат на сите социјално загрозени групи.

 

 

Повеќе за Ways2Help платформата тука и на нивните социјални мрежи на Facebook, Instagram. Доколку сакате да се вклучите и повеќе, како волонтер, приклучете се на нивната заедница на Facebook групата тука

Прегледи:
761
Објавено на:
04.07.2020