Категории

Wi Fi интернетот влијае негативно на сперматозоидите

Јапонските научници утврдиле дека бежичниот интернет има негативно влијание на сперматозоидите..

Во денешното модерно време речиси и да нема место кое во својата околина нема Wi Fi рутер. Интернет сигналите константно се движат во сите насоки и со брзина на светлината минуваат низ нашето тело. Иако многумина мислеа дека Wi Fi интернетот нема никакви негативни влијанија врз здравјето на човекот, јапонските научници го докажале спротивното.
Во Јапонија е спроведено истражување кое покажало дека 53.4% од испитаните мажи имале проблем со сперматозоидите. Тие кои имале проблем биле истите кои во просек минувале 8 или повеќе часа во близина на Wi Fi рутер.
Јапонците предложуваат интернет рутерот да не бите во просторијата во која често престојувате, како и мобилните уреди да не ги држите константно близу себе, затоа што и тие содржат приемници и емитери на сигналот кој исто така влијае на плодноста.
Мажите кои своето време го поминуваат надвор и тие чие работно место не е поврзано со канцеларија и интернет, имале подобри резултати и нивните сперматозоиди биле многу поздрави.
Па, ако е можно, избегнувајте го зрачењето на бежичните уреди и времето поминете го во природа и секако намалете ја употребата на мобилните телофони. Тоa е единствениот начин да си го продолжите животот и да бидете здрави.

Прегледи:
559
Објавено на:
13.07.2019