Чоколадна торта никогаш не е лош избор, а особено се популарни рецептите за слатки десерти кои не бараат многу време и труд. За оваа торта дури и нема да потрошите многу пари, бидејќи во неа нема ниту јајца, ниту млеко, па дури ни маргарин или путер!
Состојки:
- 1,5 шолја брашно
- лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- 3 лажички какао
- шолја шеќер
- лажичка оцет
- лажичка екстракт од ванила
- 5 лажичка масло
- 1 шолја вода
- 200 г какао табла
Подготовка:
Во плех за печење помешајте ги сите суви состојки. Додадете оцет, масло, шеќер и екстракт од ванила, па сѐ добро соедините. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути. За тоа време на пареа стопете го какаото со малку масло и со него прелијте ја испечената торта. По желба украсете со шлаг или омиленото освежувачко овошје.