Категории

За да бидете попродуктивни, работете помалку!

Направени се неколку експерименти со скратена работна недела и работно време кои покажаа дека со помалку работа се зголемува продуктивноста.

Една компанија од Нов Зеланд одлучи да ги плати своите работници како да работат пет дена во неделата, за четири работни дена. Работниците работеа 32 часа, наместо 40 часа, а истражувачите ја следеа нивната продуктивност. Продуктивноста на вработените се зголеми за 24%. Покрај тоа, работниците беа покреативни, поточни и посветени. Имаа повеќе време за себе, за домот и за семејството.

Вториот експеримент беше направен во Шведска, каде градските власти воведоа шест-часовен работен ден, кој ги даде истите резултати. Работниците го постигнале истото, ако не и повеќе, од вообичаеното работно време од 8 часа.

Заклучокот е: работете паметно, а не предолго.

Како што повеќето вработени работат пет дена неделно, осум часа дневно, постојат начини како да работите попаметно и помалку да се исцрпувате на работа.

-Работете само во работното време, а не кога ќе се вратите дома од работа, за време на викендите, итн.

-Не ги надминувајте границите на вашите можности. Ако после два часа работа немате концентрација, направете пауза или завршете ја работата утре (доколку сте во можност).

-Планирајте ги работните задачи за да имате доволно време да ги завршите.

Прегледи:
490
Објавено на:
11.12.2018