Категории

За да ја доживееш среќата најди време за…

За да ја доживееш среќата најди време за да…

Застанеш и да го помирисаш цвеќето. Погледаш во небото, денес е прекрасно нели? Допри ја земјата, сите вкусни нешта растат од неа, затоа биди внимателен кон неа. Седни, вдиши длабоко и исполни се со сѐ она кое во овој момент ти е потребно.

Издиши и пушти да излезе сѐ она кое во овој момент го доживуваш како непријатно. Ако видиш некој дека е во болка, обиди се да извлечеш насмевка на неговото лице, тоа е лекот са сите болки. Ако видиш некој на кого сите бродови му потонале, раскажи му ја твојата најдобра вистинска приказна, тоа ќе те направи побогат. Сакај ја работата која ја работиш и работи работа која ја сакаш, уживај во неа и се што ќе заработиш ќе ти бидат лесно заработени пари.

Обиди се оние околу тебе да ги инспирираш. Направи нешто добро за некој кој никогаш нема да дознае дека е од тебе. Мерка на твојот успех е твојата среќа. Искреноста го подобрува твоето здравје. Кога некој ќе те пофали, заблагодари се и кажи дека ти е мило.

Храни го детето во себе и дозволи му да си игра. Кога јадеш, јади. Кога спиеш, спиј. Кога се смееш, смеј се. Кога живееш, живеј. Животот е патување, секој ден имаш нови искуства кои те прават по Бог-ат и помудар. Биди тоа што СИ! Тоа никој не може да ти го даде, ниту да ти го земе.