Категории

За денот на жената посетете го неверојатниот Истанбул

Една од најголемите туристички атракции и предизвик за голем број светски туристи е градот Истанбул. Градот каде што западот се запознава со истокот создавајќи совршена комбинација од две култури – европската и ориенталната. Истанбул припаѓа на два континенти, од една страна Азија, од друга Европа. Преку срцето на градот минува Босфорскиот теснец, на водите на Црното Море, Мраморното море и Златниот рог.

Тој е втор град по големина во Европа со речиси 13 милиони жители. Со развиена економија, трговија, туризам од 1985 година е на листата на заштитени градови на УНЕСКО. Дневно во Истанбул има и по над два милиони туристи кои се главно заинтересирани да ги посетат многуте културно-историски споменици, кои го сочинуваат и делот на најголемото богатство на градот и на земјата.

Овој неверојатен град поради својата специфичност, музеи, замоци, палати, големи џамии, чаршии спој на култури и неверојатни предели, претставува дестинација која секој мора да ја посети барем еднаш во животот. Токму сега е вистинското време да се подготвите за оваа прекрасна животна авантура искористувајќи ја неверојатната понуда од туристичката агенција Флај Туризам за 8-ми март. Доколку ова е вашата дестинација која ја посакувате подолго време, сега имате одлична можност да го посетите „главниот град на светот“ за само 79 евра со рана резервација до 15.02.2018 , поминувајќи незаборавни 4 дена со 2 ноќевања.

По пристигнувањето во Истанбул во утринските часови на 9-ти март, пристигнуваат и одговорите за сите љубопитни срца и вљубеници во културата и патувањето. Ќе го искусите пријатното возење преку еден од Босфорските мостови до главната разгледна точка на Азиската страна, брдото Џамлиџа, од каде почнува авантурата. Прекрасниот панорамски поглед истовремено ќе ви го одземе здивот и ќе и ги наполни батериите. Попладневните часови се резервирани за организирано  разгледување на Истанбул.

Флај Туризам ќе се погрижи во целост да ја почувствувате магијата на овој град, почнувајќи со посета на џамијата „Султан Ахмед“, која поради своите бои – сина, зелена и бела кои доаѓаат од употребените материјали – плочка и порцелан, во Европа исто така е позната и како „сина џамија“ и е првата џамија во Османлиската Империја, која има 6 минариња, како и сарајот на Ибрахим Паша, амамот на Хурем, „Аја Софија“, позната и како црква на светата мудрост која воедно е единствениот храм на светот кој бил црква, џамија, музеј и повторно црква и секако „Топ Капи“ палатата која била главното седиште на администрацијата на Османлиската империја. Покрај тоа, останува доволно време за бескрајни можности за шопинг, а шармот и љубезноста на добро познатите трговци сигурно ќе ве убедат да купите или да пробате традиционален производ.

Следниот ден започнува со слободно време или факултативно крстарење по Босфор кое нуди сосема  поразличен поглед на Истанбул од претходниот, но воедно и уникатен начин да се видат сите знаменитости без да се заморите. Преку Босфорот ќе го доживеете Истанбул како да листате страници од книга, секоја со нова приказна, преку која историјата на овој град дише и живее. За време на крстарењето локалниот водич ќе ни раскаже се што може да видиме од најпознатите стари куќи кои ќе ги препознаете од популарните турски серии.

Овој празник на жената е одлична шанса да ја израдувате својата понежна половина со незаборавно патување, или пак да ја искористите можноста за создавање спомени кои траат вечно со своите пријатели и семејство.

Резервирајте го вашето патување во Флај Туризам и уживајте во местото што ги исполнува сите желби на светот и ви ги отвора портите кон непроценлива убавина, историја, шопинг и флерт на два континенти.