Категории

За мрзливите и богати Американци…

Излупени портокали во пластични садови кои се продаваат во еден од американските супермаркети, предизвика лавина реакции. Веројатно не размислиле добро за овој чекор.

– Кога природата би можела да ги покрие овие портокали за да не мораме да трошиме толку пластика за нив!
Ова е само еден од низата иронични пораки на твитер. Само оваа порака е споделена над 70 илјади пати.

Особено интересно е тоа што излупеното овошје во вакво пакување е дел од асортиманот на продавница за органска храна, каде се стимулираат потрошувачите да користат хартиени кеси заради заштита на животната средина.

Токму затоа реакциите се двојно „пострашни“. Не минаа ниту оправдувањата дека тоа е заради „постарите господа кои не би можеле сами да ја тргнат кората“.

За тоа колкав бил притисокот, посочува официјалното соопштение од синџирот, каде што се признава грешката и се додава дека во иднина „производот ќе го остават во неговото природно пакување – во кората“

Прегледи:
421
Објавено на:
05.03.2016