Категории

За најубавиот почеток: Бебешки имиња што значат пролет

Без разлика дали вашите најмили се родиле во пролетните месеци или затоа што тоа е вашата омилена сезона, ова неколку имиња кои значат пролет или, пак, означуваат нешто ново, ведро, убаво, пролетно…

За најубавите почетоци, изберете од овие имиња:

Женски имиња:

Анастасија – доаѓа од грчкиот збор „анастасис“ што во буквален превод значи воскресение, а самото име има значење родена на Велигден

Аја – иако според турското потекло значењето на името е Света, зборот потекнува од Јапонија и значи шарена или птица

Весна – старословенската божица на пролетта. На руски, весна значи пролет или младост

Виолета и Лилјана – цветни имиња. Виолета значи и виолетово цвеќе, љубичица, додека Lилјана е од латинско потекло и значи крин

Лара – кратенка од грчкото Лариса, што значи радосна и ведра

Талија – од еврејско потекло, значи небеска роса и јагне. На латински значи цветање, додека во грчката митологија таа била муза на комедијата.

Машки имиња:

Вито – oд латинскиот збор за живот, Вито означува некој полн со живот и радост

Ведран – со хрватско потекло, ведар човек, кој никого не остава рамнодушен

Jaрек – популарно полско име што буквано значи пролетен

Ксавиер или Хавиер – со шпанско потекло, означува нов дом

Новица – буквално значи нов, но преносното значење му е „да ни тргне се на ново (на добро)“

Зоран – со словенско потекло, значи зора или изгрејсонце

Прегледи:
413
Објавено на:
31.03.2017