Категории

За нив е најважен животот по свадбата: Пар од Индија наместо свадбена торта имаат лепчиња со путер!

Индиските свадби се полни со луксуз и раскош. Почнувајќи од изгледот на невестата до храната и пијалаците, местото на одржување на свадбата, како и потребата од докажување пред гостите колку се „богати“. Честопати, родителите на невестата земаат големи заеми за свадбата, само затоа што сакаат да му покажат на светот во каков раскош живеат. А, по свадбата, банкрот.

Свадбите во Индија честопати чинат цело богатство. Што ако невестата и младоженецот немаат пари? Па, како што споменавме погоре, во тој случај земаат заем или се одложува свадбата. Сепак, оваа брачна двојка која е премногу сиромашна за да може да си дозволи раскошна свадбена торта за сите присутни, решиле да изберат едноставен начин и тортата ја создале од парчиња леб со путер! Парчињата наредени едно врз друго и уредно поставени на сталажата за торта, изгледаат апсолутно убаво! На овој начин тие покажале дека најважен е животот по свадбата, а не самата церемонија и трошењето цело богатство за неа! Ова претставува голема лекција за денешните свадби.