Категории

За прв пат досега Јапонија нуди можност да запознаете гејша онлајн

Гејши – убави и ретки јапонски музи. Софистицирани уметници, обучени за забава, со години учат да свират разни музички инструменти, да пеат, танцуваат, со еден збор, да бидат пример за женско совршенство во очите на мажите. Во време кога Јапонките беа исклучени од јавниот живот, гејшите беа тие што можеа да играат улога на внимателна жена на деловни собири.

Гејшите живеат во мали заедници со други гејши и нивната посвоителка. Овие заедници се нарекуваат окија и традиционално се наоѓаат во близина на важни барови. Во Јапонија има само неколку места каде што можете да сретнете гејша. Како турист, единствената можност да видите една од нив е во еден од „цветните градови“, во Кјото. Сепак, со почетокот на пандемијата, таа можност беше сведена на минимум. Сепак, сега, за прв пат, можете да сретнете вистинска гејша преку Интернет. Поради ризикот од средби лице в лице, гејшите од Кјото привремено се согласија да го отворат својот мистериозен свет кон остатокот од светот преку виртуелни состаноци.

Сè што ви треба за да сретнете гејша е компјутер, таблет или телефон со инсталиран зум, како и пијалоци во рака и закуски, во кои ќе уживате додека разговарате со вистинска јапонска муза, во кој и да е град во кој сте. Само следете ги упатствата. Приватна средба со гејша трае 45 минути. Можете да ги поканите вашите пријатели и семејство да учествуваат, бидејќи платената цена опфаќа присуство на до 10 лица. Гејшата ќе биде облечена во нејзината традиционална облека со сета шминка, за што треба да се подготви со часови.

Вашата средба ќе вклучува:

  • Поздрав на гејша
  • Настап на гејша
  • Изведување на церемонија за пиење чај
  • Прашања и одговори упатени кон гејша
  • За таа цел, се обезбедува преведувач, кој гарантира дека комуникацијата со гејшата тече без одложувања и јазични бариери.

Прегледи:
849
Објавено на:
03.03.2021