Следните денови во Скопје ќе се одржи еден поинаков и креативен настан кој ќе го обедини регионот, а тоа е особено среќна вест за љубителите на моделите на Piaggio Vespa!
На 18, 19 и 20 мај оваа година, за првпат кај нас ќе се одржи настанот насловен „1st Skopje Vespa Days 2018“. Овој настан е организиран од Веспа Клуб Скопје кој е основан на 10.06.2014 од страна на вистинските вљубеници во моделите на Piaggio Vespa.
Настанот има единствена цел да се промовира култура во возењето на веспи, уникатни стилизирани веспи од поновата генерација како и од минатиот век, организирање на групни возења во рамките на Клубот и посета на меѓународни настани организирани од странски Веспа клубови.
Поради големата заинтересираност за брендот Веспа и во земјите од регионот, клубот реши за прв пат во поновата историја на Скопје да го организира овој меѓународен настан „1st Skopje Vespa Days 2018“.
Под мотото „Животот е едно убаво Веспа возење, возете безбедно“!, нстанот ќе понуди едно поинакво доживување во нашиот град, промовирајќи го во вистинско светло, за гостите од другите држави и преку дружба да покаже дека луѓето кои се вљубеници во Веспа се дел од едно поголемо глобално семејство, кое ги обединува една иста мисла – љубовта кон Веспа моторите и спојот на безбедноста и стилот.