Категории

За рамен стомак и тенок струк користете ги овие зачини

Зачините не служат само за подобрување на вкусот на храната, тие се и одличен извор на важни хранливи материи, затоа се главни состојки на сите диети. Сепак тие содржат и калории, но не во доволни количини за да ја загрозат вашата исхрана. Некои зачини го намалуваат апетитот и го зголемуваат чувството на ситост.

Најдобрите зачини за рамен стомак и тенок струк се: цимет, куркума, ѓумбир и црн пипер.

Цимет
Разликуваме два сродни видови на цимет, кинески (Cassia) и цејлонски цимет. Освен што содржи антиоксиданти и делува против инфекција, овој зачин го регулира шеќерот во крвта и го потиснува апетитот. Можете да го ставите во овес, да го мешате со свежо сирење или јогурт, дури и со пиво, а можете и да го користите при маринирање на месото.

Куркума
Наречена и индиски шафран, куркума е најпознатата состојка на карито. Се користи за различни здравствени проблеми, и уште поважно, ја спречува акумулацијата на масните клетки. Може да се стави на месо пред печење или во леќа. Исто така, може да се консумира како пијалок кога се меша со вода или млеко.

Ѓумбир
Ѓумбирот е одличен против акумулацијата на масните наслаги. Ѓумбирот го ограничува производството на кортизонот, хормонот кој се излачува преку хроничен стрес.

Црн пипер
Најевтиниот зачин во оваа листа има особено корисен ефект врз варењето на храната. Во ајурведската медицина за губење на тежината се користи чај од црн пипер. Овој зачин се согласува со многу оброци.