Категории

За што служи „џебот“ на долната облека, плетеното топче на капите…?

Одредени секојдневни предмети имаат или имале во минатото, намена која често не ни е позната на нас, но вреди да се знае.

На YouTube каналот #Mind Warehouse можете да најдете креативно видео кое открива интересни и невообичаени работи кои сигурно не сте ги знаеле за 6 предмети кои секојдневно ги употребуваме.

Која е намената на плетеното топче на капите, малиот „џеб“ на долната облека на дамите…

1. За што служи топчето на капите?

Првото топче се појавило во 19-иот век меѓу француските морнари. Тогаш кабините во бродовите имале низок покрив, па топчето служело да спречи морнарите да си ги повредат главите.

Потоа, и други земји почнале да ги ставаат на капите ваквите плетени топчиња. Денес, немаат толку важна намена, туку повеќе се таму заради естетскиот изглед на капите.

2. За што служи дупката на лижавчињата?

Многу луѓе веруваат дека дупката на лижавчињата е таму за да спречи да се задавите, но тоа не е вистина.

Реалноста е дека дупчето е таму само бонбоната да биде фиксирана на стапчето. За време на подготовката, дупката е првиот простор кој се пополнува, а потоа се прави самото лижавче.

3. Зошто панталоните имаат линии?

Еден од најважните делови за добриот бизнис изглед се линиите на панталоните. Но, зошто е тоа така? Речиси никој не знае. Линиите првпат се појавуваат при крајот на 19-иот век кога во Европа започнало масивно производство на облека.

Панталоните се диплеле и после долгото патување преку океани и континенти, линиите останувале на панталоните, па луѓето немале друг избор освен да ги прифатат и да станат дел од нивниот изглед.

4. Линии на пастите за заби

Постои легенда дека црната линија ги претставува хемикалиите, а зелената, органските компоненти на пастата.

Реалноста е дека овие линии се само бар кодови и немаат никаква поврзаност со тоа каков е хемискиот состав на пастата за заби. Овие бар кодови служат за машините кои ги произведуваат пастите да имаат линија по која механички се сечат тубите.

5. Малиот „џеб“ на долната облека на дамите

Многу луѓе се убедени дека овој џеб служи да сокриете нешто навистина вредно, ама тоа е само мит.

Овој дел се прави од здравствени причини, тој слој мора да биде од мек памучен материјал и се остава еден дел незашиен за да не ви биде непријатен.

6. Дупчињата на ранците поставени на материјал како ромб

Овој дел оригинално бил корисен за кампување кога опремата за планинарење најлесно можела да се заврзе со врвка на ранецот.

https://www.youtube.com/watch?v=rK4AwyPk0Ow

Прегледи:
555
Ознаки:
·
Категории:
Видео · Секојдневие
Објавено на:
23.02.2017