Категории

Забавно хоби кое го намалува стресот – Препорачано од докторите како терапија број 1

Со помош на ова хоби ќе се ослободите од стресот и ќе ги опуштите мислите за само час

Боењето не е само за децата, тоа го намалува стресот, ослободува од лошото расположение и ја поттикнува креативноста, докажуваат бројни истражувања. Боењето се наоѓа во истиот ранг со медитацијата, а поради своите позитивни ефекти, многу лекари го препорачуваат како вид терапија.

Оваа техника ви помага да се фокусирате на сегашниот момент и да се оддалечите од проблемите кои ве мачат.

Истражувањата открија дека сите оние кои го практикуваат ова хоби имаат значително пониско ниво на стрест и анксиозност како и подобрено расположение после само 50-минути боење.

Благодарение на движењата кои се повторуваат, мозолчните ќелии се опуштаат а одредени бои влијаат на нервниот систем. Сината и зелената боја опуштаат, додека црвената, портокаловата и жолтата го подигнуваат нивото на енергија и мотивација.

Лекарите велат дека боењето исто така ја намалува напнатоста на очите а кај некои испитаници кои практикуваат боење наместо користење на паметни уреди, го подобруваат квалитетот на сонот.