Во светот на постојани нови откачени начини на консумирање на регуларните производи, сѐ со цел да бидете хит на социјалната мрежа Инстаграм, сега имаме нов тренд!
Овој пат станува збор за кафе послужено во корнети за сладолед, а соодветно се користи хаштагот #CoffeeInACone.
Ако мислевте дека за кафе за носење ви е доволно пластична или хартиена чаша, тогаш навистина се лажете.
“Мозокот” зад овој иновативен производ е Дејн Левинрад, кој работи во “The Grind Coffee Company” во Јохнесбург, Јужна Африка. Тој вели дека идејата ја добил поради тоа што луѓето обожаваат кафе и сладолед, па зошто не би ја сакале и комбинацијата од нив две? Логично, нели? :)