Категории

Заборавете на диетите – Тие можат да го нарушат вашиот имунитет и да го доведат вашето здравје до сериозен ризик

Рестриктивниот режим на исхрана може да го наруши имунитетот, особено е опасно исклучувањето на јаглените хидрати, месото и млечните производи

Сега не е вистинско време за диети, броење на калории и исцрпување на организмот со напорни тренинзи. Под закана на опасниот вирус Covid-19, сето тоа може драстично да ја намали можноста организмот да се бори против заразата.

Професорот др. Јагода Јорга, диетотерапевт, изјави дека откажувањето од лебот и житарките, рибата, месото и млечните производи сериозно може да го наруши вашиот имунитет и да доведе до полесно продирање на инфекциите до вашиот организам.

„Особено опасно е исклучувањето на јаглехидратите – леб, житарици, скробен зеленчук и овошје, а сето тоа се препорачува во голем од од диетите чија цел имаат губење на вишок килограми.

Ова се страшно значајни групи на намирници затоа што содржат важни хранливи материи, како што се диетски влакна, кои служат за исхрана на цревните бактерии кои се центар на добриот имунитет. Посебно важни се диетските влакна од интегрален леб и тестенини, затоа што овие намирници содржат витамини, минерали и антиоксиданси кои се клучни во борбата против инфекциите.“

Прегледи:
479
Објавено на:
10.04.2020