Категории

Задоволувањето на потребите на другите луѓе е сигурен пат до несреќа

Кога им ги задоволувате потребите на другите, ги усреќувате сите освен себеси

Преку удоволувањето на другите луѓе, се обидов да ги усреќам другите и да го избегнам нивното задоволство по цена на сопствената среќа. Со овој менталитет, создадов свет во кој својата благосостојба ја ставив во рацете на другите да би ја распарчиле на ситни делови.
Кога требаше да се организира школска забава, јас бев тука. Кога требаше некој да почува дете, јас бев тука. Тие кажуваат, јас го правам тоа. Додека им бев достапна на другите, одбивав да се грижам и да си помагам на себеси.

Како неизговорена полиса за осигурување, помислив дека колку повеќе им давам на другите, сигурно дека тоа ќе ми го дадат за возврат. Навистина? Ги привлеков луѓето во мојот живот кои беа повеќе од среќни што земаа, земаа и земаа и продолжуваа да земаат а јас останав исцрпена, огорчена и празна.

Да се биде мудро себичен и безобразно себичен.
Да се биде мудро себичен значи да ја земаш во предвиш ширката слика и да препознаеш дека долгорочниот индивидуален интерес лежи во добросостојбата на сите. Да се биде себичан значи да се биде сочувствителен.

Веќе не им удоволувам на другите луѓе, и сигурно некои би рекле дека заминав во друга насока и дека станав скржава. Прво и најважно, морам да ги исполнам сопствените потреби затоа што најважното е, пред да можам да понудам некому нешто,прво тоа морам да си го дадам на себеси.