Категории

Загадениот воздух влијае врз здравјето, но и врз интелигенцијата?

Загадениот воздух е штетен како за околината така и за сите организми кои живеат во неа. Може да влијае врз нарушувањето на здравјето, дури и врз смалувањето на интелигенцијата. 

Загадувањето го предизвикуваат многу фактори, а на прво место индустриите, произведувачите на енергија и земјоделството. Иако, на глобално ниво загадувањето на воздухот е намалено, долгорочниот план е квалитетот на воздухот да нема негативно влијание врз човековото здравје и околината. Поради тоа, важно е да се обновуваат изворите на енергија.

Најголемите проблеми ги создаваат штетните ситни честички во воздухот како резултат на согорувањето на разични горива. Многу од нив се кканцерогени и негативно влијаат врз квалитетот на воздухот и почвата.

Загадувањето може да влијае и врз когнитивните способности на децата. Резултатите од истражувањата покажуваат дека загадувањето е поврзано и со ограничената употерба на вокабуларот и намалениот коефициент на интелигенција на децата врз кои е направено истражувањето, така што честичките од воздухот негативно влијаат врз конструкцијата на меморијата.

Прегледи:
593
Објавено на:
08.02.2018