Се ближи еден од највеселите и најшарени денови во годината, 1-ви април – денот на шегата. Како и секоја година, така и оваа, овој ден е одлична можност да ја покажете својата креативност помеѓу многубројните маски, а притоа да се забавувате со пријателите.
Желбата за забава не познава возрасни граници, па затоа погрижете се да ја изберете најдобрата локација за оваа ноќ. Незаборавна атмосфера, одлична забава и музика за сите вкусови, така изгледа агендата на Кафе Сидро за 1-ви април. Во локалот кој веќе е препознатлив како одлично место за утринското кафе, деловни состаноци и релаксација и најоригиналните забави во вечерните часови, за градскиот маскенбал на 1-ви април нуди неповторлива можност да се забавувате со најдобриот грчки диџеј Димитрис Патсис, кој внесува посебна енергија и создава одлична атмосфера, во комбинација со специјални понуди на вашиот омилен пијалак.
Уште неколку денови ве делат од најдобрата забава под маски во градот, побрзајте и потврдете го вашето присуство и бидете дел од највеселата атмосфера во Кафе Сидро.