Категории

Законот на кармата. Ќе ве стигне ли?

Зборот КАРМА потекнува од индиската философска и религиска традиција, и го означува секој чин кој без исклучок почнува одредено причинско-последична врска, па во својата најстрога смисла, во хиндуизмот и будизмот , има универзално значење на збир од дела кои во потполност го одредуват човековиот сегашен и иден живот.

karma-low-res

Според хиндуистичкото учење секое родено суштество е душа која по смртта се реинкарнира и преминува во друго тело во согласност со законот на карма. Самата карма не значи предодреденост бидејќи поединецот е слободен да дејствува во кругот на самата ситуација, па така неговата карма не ја одредува неговата реакција на одредена ситуација. Законот на кармата вели дека секое добро дело создава заслуги, додека секое лошо дело создава грев. Според тоа, секој треба да преземе врз себе одговорност за резултатите на своите дела. Кога некој  стори некому добро дело, тоа му се враќа во некоја форма на добрина (во форма на среќа). Кога некој некому наштети, тоа создава негативни резултати во вид на некое страдање и не може да се поништи со извинување. За време на својот живот ние, или ја подмируваме старата сметка, или создаваме нова. Кога сметката не може да биде подмирена за време на овој живот се пренесува во наредниот живот.

Нашата карма влијае врз нашиот мозок на два начина. Првиот е наклонетоста – ако човекот лесно избувнува, бесот ќе го води така да делува и понатаму (во секоја слична ситуација ќе биде наклонет да чувствува лутина). Ова наликува на магичен круг бидејќи стануваме наклонети да се однесуваме онака како што сме се однесувале и до сега, но останува на нас да одлучиме по кој пат ќе тргнеме. Вториот начин на кој кармата влијае врз нас е влијанието на нашето доживување на стварноста и нашите искуства. Она што го доживуваме главно доаѓа како реакција на нашите сетила. Во многу ситуации се чувствуваме навредени или бесни, што сериозно влијае на состојбата на нашиот мозок. Затоа кармата е еден од главните фактори кои ги одредуваат нашите искуства. Во таа смисла се верува дека нашите страдања потекнуваат од нашата карма и состојбата на нашиот ум. Кармата е како бумеранг. Се враќа.

boomerang-web

Според хиндуизмот сите ја пренесуваме кармата од живот во живот, при што таа се спротивставува со моралното чувство дека одредени страдања се незаслужени и дека заслужуваме сожалување. Од друга страна реинкарнацијата на многумина им нуди надеж – ако не успееме во овој живот ќе имаме можност во следниот и на тој начин се осигурува правдата. Според законот на кармата во секој живот го добиваме тоа што сме го заслужиле!

Во светот милиони луѓе веруваат во законот на кармата. Иако никој не ја разбира целосно и не може точно да ја објасни многу филозофи веруваат дека без оглед на вистинитоста вербата во кармата е позитивна, бидејќи стравот од повратниот ефект ги одвраќа луѓето од лоши дела.

Прегледи:
652
Објавено на:
13.07.2016