Категории

Започна најдолгиот непрекинат лет на релација Лондон – Сиднеј

Водечката австралиска авио-компанија Квантас денес го започна својот пробен, непрекинат лет од Лондон до Сиднеј со околу 50 патници, што е еден од најдолгите комерцијални летови во светот.

Авионот Квантас утринава околу 6:00 часот по локално време полета од лондонскиот аеродром Хитроу кон аеродромот во Сиднеј, пренесува CNN.

Летот Лондон-Сиднеј, кој е дел од проектот на Квантас „Project Sunrise“, е најдолгиот лет на светот во смисла помината далечина, бидејќи би требало да прелета далечина од 16.000 километри.

Се очекува да трае малку повеќе од 19 часа, што е приближно временското траење на првиот пробен лет кој се случи пред четири недели на релација Њујорк-Сиднеј.

Иако летот од Лондон до Сиднеј е за 1.5000 км подолг од летот Њујорк-Сиднеј, се очекува да трае подеднакво долго поради воздушните струи.

Целта на пробните летови на Квантас е до 2022. да се воведе повратен директен лет Сиднеј-Лондон и Сиднеј-Њујорк, како и да се истражат ефектите од промените на временските зони врз патниците.

Прегледи:
433
Објавено на:
14.11.2019