Категории

Започна сезоната на Јарецот: Се будат сомнежи, мислите летаат во минатото!

Владеењето на Јарецот, знак кој во Зодијакот го краси голема амбиција и тежнеење кон успех, ќе трае од 21 декември до 20 јануари. Оваа година ќе биде пропратена со ретроградната Венера во Јарец, како и ретроградниот Меркур, па затоа треба да очекуваме настани и искуства кои нѐ враќаат во минатото.

Навираат сеќавања, се јавуваат луѓе кои долго време не сме ги чуле, оживуваме некои незаборавни ситуации од минатото. Целата приказна како да нѐ подготвува за нешто важно. Ни овозможува да го тргнеме теретот од грб кој го влечеме со месеци, да затвориме некои стари поглавја и со владеењето на Водолијата да продолжиме со јасни намери понатаму.

Ретроградна Венера во Јарец подразбира дека темата односот со другите ќе биде на тест. Се враќаме во минатото, размислуваме за она што било. Ги поврзуваме причините и последиците. На виделина излегуваат некои околности кои досега биле скриени или недостапни.

Имаме впечаток дека другата страна се предомислува, дека е отсутна и недостапна за нас. Задлабочена во своите мисли, ги користи изговорите – не можам сега, некој друг ден. Се јавува сомнеж. Се појавуваат прашања што се случува и што ќе биде утре. Отвореното примање и давање љубов е отежнато, но токму таквите околности ни овозможуваат да се посветиме на себе и да видиме колку сме задоволни од односите кои ги гаиме и што ни е потребно за да бидеме среќни во љубовта.

Од што се плашиме? Колку сме подготвени да го отвориме своето срце за љубов? Дали веруваме дека заслужуваме да бидеме сакани? Ова се само некои прашања кои ќе нѐ пратат во деновите кои се пред нас, ако не и во поголемиот дел од следната година која е под владеењето на Венера.

Сатурн во Водолија влегува во предизвикувачки аспект со Уран во Бик, по трет пат оваа година и повторно ни врачува покана за еволуција која ќе биде возможна само ако го пуштиме старото и неупотребливото. Сѐ додека сме панично врзани за она што го имаме, а тоа не ни оди во корист, ќе запаѓаме во нови неволји.

Празниците би требало да поминат во мир, со многу храна и пијалаци, во друштво на најблиските. Како да ни се потребни повеќе мир и тишина. Новата година ќе ја дочекаме во поинакво расположение, можеби и во друг град, со поголемо друштво, динамично, за некои и многу страствено.

Од 14. јануари Меркур во Водолија почнува да се движи наназад, а тоа е астролошко влијание кое веќе го доживеавме од 30.1 до 21.2. 2021 година, па околностите кои беа тогаш актуелни ќе се актуелизираат и во овој период. Добро е повеќе внимание да и посветите на комуникацијата особено онаа која се одвива виртуелно, бидејќи тука може да дојде до некој застој.

Јарецот е симбол на амбиција, внатрешен авторитет, структура, дисциплина, време кога ги средуваме старите сметки, подвлекваме црта позади она што било и заземаме нови стартни позиции.

Прегледи:
441
Објавено на:
22.12.2021