Категории

Започнете го викендот со кофеински милкшејк со нутела

Милкшејкот е омилен пијалак на многу луѓе. Тој е еден од тие пијалаци кој најчесто се подготвува со сладолед и студено млеко, но, можат да се додадат и различни состојки и преливи.

За престојниот викенд, ви предлагаме да направите кофеински милјшејк со нутела, милкшејк кој сигурно до сега го немате пробано.

Потребни состојки за подготовка на овој милкшејк се 220 грама сладолед од ванила, 240 милилитри млеко, 4 лажици Нутела, 3-4 лажички инстант кафе, 1 лажичка чиа семе, 1 лажичка ленено семе, прстофат ванилин шеќер.

Подготовката на овој милкшејк е навистина лесна. Се што треба да направите е да  ги ставете  сите состојки во еден сад и  да матете се додека не добиете комбинирана и мазна смеса. На крај, сипете во чаша, по желба ставете шлаг пена на врвот и попрскајте со какао во прав,