Категории

Закажете ја вашата свадба и добијте бесплатно свадбено патување!

Денот кога стапуваме во брак се смета за еден од најпосебните денови во животот. Организацијата, планирањето на целата прослава, музиката, храната, амбиентот се особено важни за овој посебен ден, но понекогаш од преголемиот ангажман околу свадбата забораваме да размислиме – што потоа?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Откако ќе се стави на хартија сѐ што сакаат младоженците на денот на својата свадба, обично не останува многу за заедничкото патување кое следува потоа, па честопати се одложува, на одредено или неодредено време. Медениот месец, односно свадбеното патување носи опуштање, ја зајакнува врската и го означува почетокот на заедничкиот живот. Тоа е многу значаен почеток на брачниот живот кој не треба да се пропушти.

И во оваа област, трендовите се менуваат. Паровите, особено оние помладите, сѐ почесто посакуваат летување на море како идеална дестинација за својот меден месец. Практичен, оригинален и авантуристички избор кој претставува совршен начин за уживање во љубовта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Меден месец блиску, а сепак далеку од дома. Токму тоа го нуди Хотел Континентал за своите младоженци. Покрај одличните услови кои им се на располагање на брачните партнери за организирање и одржување на свадбата во Хотел Континентал, со изборот на некоја од градините или салите, добивате и многу повеќе. Една од придобивките е и свадбеното патување во Грција за свадба со над 250 гости. Викенд во соседна Грција е токму она што ви е потребно за релаксација, одмор и полнење со позитивна енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Доколку ја планирате својата свадба, дозволете Хотел Континентал да се погрижи да се остварат сите ваши замисли. Свадба на отворено под ѕвездите, или пак во некоја од салите со одличен амбиент во хотелот, голем избор на мениа прилагодени според вашите желби и потреби, бесплатно видео и фотографии од свадбата и уште многу други предности.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Но, Хотел Континентал покажува дека се грижи за вас и по завршувањето на посебниот ден. Почетоците треба да бидат најсреќни, да ја зајакнат љубовта и да ве зближат уште повеќе со партнерот. Токму затоа, изберете го Хотел Континентал за вашата свадба и добијте незаборавно свадбено патување создадено за уживање!

Закажете на 02/3133 333, 072/217 739 и 071/243 749.