Се верува дека мачките не сакаат да се приврзуваат со луѓето поради тоа што повеќе претпочитуваат самостоен живот. Како и да, оваа неверојатна приказна е доказ за токму спротивното!
Приказната започна кога млад турист се решил за планинарење на Алпите во Швајцарија, не многу далеку од селото Гимелвалд. После некое време, дошол до сознание дека не знае каде се наоѓа и дека е всушност изгубен за време на неговата прошетка.
Гимелвалд е мало, привлечно село скриено во планините. Беше крајот на скијачката сезона, па поради тоа најголем дел од ски-лифтовите беа исклучени. Токму тој ден се решив да ги разгледам планините и да го искористам убавиот ден. Во тој момент, сфатив дека единствениот пат кој се движеше надолу по падината на планината беше затворен. По неуспешниот обид да најдам друг пат до селото, седнав и почнав да барам решение. Тогаш ја сретнав оваа неверојатна мачка.
Ја видов мачката, а и таа мене. Се придвижи до мене и седна. Наеднаш стана и почна да се движи по непозната патека, постојано застанувајќи да погледне позади, како да ме покануваше да ја следам.
Беше премногу дружељубива, и покрај фактот што бев тотален странец. Очигледно, беше навикната на туристи.
Откако стигнавме до мотелот каде што бев сместен, нашите патишта се разделија, а мачката се врати по истиот пат.
Откако оваа приказна беше споделена, други корисници на социјалните мрежи ги споделија нивните приказни за мачка што наликува на веќеспоменатата и нејзиното херојство токму во истото село Гимелвалд. Еден од корисниците изјави, ,,Токму оваа мачка не следеше мене и моите пријатели пред три месеци. Обично одеше најнапред во групата, се вртеше од време на време како да сакаше да не почека кога забавувавме и ни се насмевнуваше. Неверојатно! ,,