Категории

Запознајте го 60-годишниот Стив, Англичанецот којшто се збогува со повеќе од 60 килограми

Кога и да се помисли на старост, многумина тоа го поврзуваат со крај на животот и уживањето. За среќа, многу од тие размислувања се докажани дека се погрешни, а еден од тие примери е 60-годишниот Стив Ремсден, Англичанецот којшто покажува дека и на тие години во целост можете да си го промените животот. Ѕирнете во неговата трансформација и насочете ги Вашите мисли кон позитива!

На прашањето зошто одлучил да го промени својот животен стил, Стив одговорил дека не можел да ги врзе врвките од чевлите без да си го повреди грбот и да остане без здив. Одлучил да престане со брзата храна, со лебот и со алкохолот, да пешачи и да вежба. Со неговата упорност, за 10 месеци изгубил повеќе од 60 килограми, неговиот крвен притисок бил нормален, повеќе немал висок холесторол и не бил на границата за дијабетичар.

После оваа трансформација, Стив посочил дека не само што се чувствува поздраво, се чувствува и многу посамоуверено, има повеќе енергија и се чувствува многу порелаксирано во јавност. Тој е пресреќен со тоа што го постигнал и им порачува на сите кои го имаат истиот проблем дека за промена никогаш не е касно!

 

Прегледи:
347
Објавено на:
24.10.2022