Категории

Запознајте го Алберт, најдебелата поларна мечка во светот

Просечната тежина на поларните мечки изнесува околу 450 килограми, но мечката која локалните жители ја нарекуваат Дебелиот Алберт тежи неверојатни 680 килограми.

Но, како се здебелил Алберт толку многу?
Жителите на Кактовик, Аљаска, каде што живее Алберт, од морето извлекуваат многу риби кои им ги оставаат на мечките за исхрана, од почит кон нив. Изгледа дека Алберт земал малку повеќе од она кое му било наменето.
Фотографот Едвард Бидроу, кој го снимил Дебелиот Алберт вели дека мештаните од вода вадат кит, го распарчуваат неговото месо, а потоа го носат на околу 4 километри надвор од градот за да го пронајдат месото поларните мечки.
Тоа го прават поради две причини. Првата е практична, тоа ги спречува мечките да се приближуваат до градот и да доаѓаат до нивните домови. А втората причина е почитувањето на мечките кои на овие простори се населени илјадници години.
Иако Дебелиот Алберт е најдебелата поларна мечка, тој сепак е далеку од светскиот рекорд од 1960. година кој го држи мечката која имала дури 1.001 килограм. Доколку се подготвува да го собори рекордот, Алберт има уште многу да работи на себе.
Прегледи:
701
Објавено на:
26.10.2021