Јоги има една година, тој е ши пу, но тоа што е необично за него е што има лице како човек.
Chantal Desjardins ја ставила сликата од Јоги и неговата сестра, Дарла, која има осум години, а сите биле зачудени од разликата помеѓу двете кучиња. Јоги според многумина има лице на човек, а тоа е причината за илјадниците споделувања на фотографијата.
Споделувањата меѓу пријателите го однеле ова куче на Reddit, и така Јоги стана интернет ѕвезда.
Покрај тоа што личи на човек, Јоги е обично куче кое секогаш сака да се гушка и да игра, раскажува Chantal.