Категории

Запознајте го Јован Јакимовски: Младото момче кое ги доби најпрестижните награди на хип-хоп натпреварите

Јован Јакимовски е младо момче кое ужива во ритамот на хип хоп музиката, пренесувајќи ја неговата енергија, вештина, креативност преку своите изведби. За неговите танцувачки способности говорат многубројните награди кои ги освојува на секое натпреварување, како на регионално така и на светско ниво.

Тој е државен првак во модерни танци за 2018 и 2019 година, на Светскиот хип хоп куп го освои второто место, прво место во категоријата modern duo во Сараево, три златни медали на Dance off натпреварот и многу други признанија и награди.

Покрај тоа што танцува неверојатно, Јован не дозволува да ги запостави училишните обврски поради својата пасија. Тој е примерен и одличен ученик, а особено е талентиран за математика. Доказ за тоа се неговите учества на математичките натпревари каде што каде што успеа да освои златни медали во 2017 и 2018 година, како и признанието за општински и регионален првак.

Во продолжение уживајте во фотографиите од само дел од натпреварувањата на Јован, а неговите успеси и достигнувања нека послужат како пример за сите генерации, извлекувајќи поука дека сѐ е достижно доколкуго правите со многу љубов и труд.

Пореч 2019 Специјална награда за најдобро соло на натпреварот

Dance off 2018 electric boogie 1 место и хип хоп 1 место

Државен првак 2019 и 2018 година

Modern duo, 1 место, 2017,  Сараево

Хип хоп соло 2 место, electric 1 место,  формации јуниори 2 место, формација street 1 место, Сараево 2017 година

Dance off 2019 три златни медали

Јован вели дека сите овие досегашни успеси се мотив за него да продолжи да се надградува и да се усовршува во танцувањето. Покрај уживањето во музиката, овие натпреварувања и настапи даваат можност за дружење и многу убави моменти со врсниците од најразлични земји.

Му посакуваме многу среќа на Јован во понатамошните достигнувања и се надеваме дека и понатаму ќе нижи успеси, а ние ќе се гордееме со него.