Категории

Запознајте го Метју Ричард – Најсреќниот човек на светот

Францускиот писател, будистичкиот свештеник и фотограф Метју Ричард ја доби титулата за најсреќниот човек на светот.

Оваа титула ја доби после учествувањето во дванаесетгодишната студија за медитација која ја водеше неврологот од Универзитетот Висконсин, докторот Ричард Дејвидсон.

Дејвидсон поставил 256 сензори на главата на Метју и воочил дека неговиот мозок, кога тој медитирал, светел неверојатно. Скенирањата покажале дека кога медитира за сочувството, мозокот на Ричард произведува гама бранови, на начин каков што науката досега никогаш не забележала, покажуваат студиите.

Седумдесет и четири годишниот Ричард не сака да го нарекуваат најсреќниот човек иако вели дека се чувствува како среќна личност кога медитира.

Неговиот прв совет е:

„Престанете да размислувате јас, јас, јас. Решението е алтруизам. Кога размислуваме само за себе, се заморуваме. Ако сакате да бидете среќни, бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве посматраат како подобра личност.“

Тој советува никако да не дозволуваме другите луѓе да не искористуваат.

„Бидете разумно љубезни. Ако вашиот ум е добронамерен, преполн со ентузијазам, докажано е дека ќе бидете поздрави.“

„Луѓето кои сакаат да бидат среќни, мораат да го вежбаат својот ум секој ден и да поминуваат најмалку 15 минути во среќни мисли“ – вели овој интересен човек.