Малиот Зијад го надмина рекордот за новороденчиња во Австралија со неверојатни 6 килограми.
Мајката која била приморана да се породи со царски рез, била шокирана кога го здогледала своето момченце кое тежело 6 килограми.
Бријана Сајкс во саботата во Перт, Австралија му кажа добредојде на своето синче тешко 6 килограми, Зијад Кадиќ. Малиот Зијад е едно од најтешките бебенца кои се родени во Австралија. Според Австралиското биро за статистика, просечното новороденче е нешто потешко од 3 килограми.
Но, докторите ја уверија мајката дека здравјето на малиот Зијад, кој е голем колку просечно 3 месечно бебенце е одлично. Тие ги направиле сите тестови и анализи и детето е сосема здраво.
Погледнете ги фотографиите и видеото од ова бебенце:
https://www.youtube.com/watch?v=ezND3h7LeZQ