Категории

Запознајте ја земјата на слободните: Ако денес отпатувате во неа ќе се разбудите во 2562. година!

Земјата на насмевките, остварените тропски митови, шарени џунгли, атрактивни племиња, оризови полиња, големи кралски градови, кујна со хармонични вкусови, традиционални масажи. Тајланд е државата во југоисточна Азија и е една од најпосакуваните туристички дестинации во светот.

Името Тајланд, на тајландски јазик е Prathet Thai, што во превод значи „Земајата на слободните“.

Календар

Тајланд го смета времето по свој систем и сосема различен календар. Тајландскиот соларен календар го вовел кралот Рама V во 1888. година, а започнува од нулта година, која била 54 г.п.н.е кога умрел Буда. Така што, на Тајланд сега е 2562. година и може да се каже дека со доаѓањето во Тајланд паувате во иднината.

Дочекувањето на новата година

Ако го посетите Тајланд околу април, можеби ќе имате можност да учствувате во многу големо прославување познато под името тајландски фестивал на вода, кој го означува почетокот на Тајландската Нова година. Неговиот најпрепознатлив дел е поливањето на луѓе со канти и водени пушки.

Самут Пракан – древен град со згради кои го одземаат здивот

Овој древен град има 320 хектари со преубави градини, вода и древна архитектура. Самиот град е мини реплика на земјата која ги претставува најважните згради и градби. Постојат 116 споменици кои се поставени на одредена географска положба со ист дизајн, главната идеја е зачувување на автентичната и богата тајландска култура за наредните генерации. Една од најимпресивните згради е Сумеру, која ја чува џиновската риба Ананд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kan Kankavee (@kankankavee) on


Пазар на сред улица

Ова е, може да се каже, забава за оние похрабрите. На ова место може да купите свежо овошје и зеленчук, но она што ја го прави посебен овој пазар е неговата локација. Тој се наоѓа веднаш до пругата. Неколку пати дневно возот директно поминува преку пазарот, а во тие ситуации продавачите само се помстуваат и откако ќе помине возот си продолжуваат со работата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Happy cheese Toast (@happycheesetoast) on


Тост во боите на виножитото

На Тајланд може да најдете храна со многу необичен изглед. Овој тост е посебно интересен за туристите. Станува збор за тост со сирење во кое се додава боја, па така е многу вкусен оброк кој создава интересни слики за на Инстаграм.