Категории

Зарем има некој што не сака смокви: Овошје што подмладува и лечи!

Богатство од природата. Ако изедете само неколку смокви во текот на денот, сте се осигурале дека имате доволно витамини и минерали.

Смоквите со децении се користат во народната медицина, а нивната употреба се препорачува за оние кои страдаат од покачен холестерол, бидејќи содржат повеќе влакна од кое било друго овошје или зеленчук. Тие се особено богати со пектин и растителни влакна, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Само пет смокви дневно обезбедуваат повеќе од 20 проценти од препорачаната дневна количина на влакна. Смоквата е исто така богат извор на калциум, магнезиум, витамин Б6 и калиум.

Превенција од карцином

Научно е докажано дека екстрактот од смокви, нивната состојка бензалдехид, придонесува за намалување на можноста од појава на тумор. Ова овошје покажало одлични резултати во намалувањето на ризикот од рак на простата. Исто така, се верува дека помагаат кај карцином на дојка во периодот по прекин на менструацијата.

Го намалуваат холестеролот

Стеснувањето на артериите може да доведе до срцев или мозочен удар. Покрај холестеролот, на оштетување на срцето влијаат и зголемените триглицериди. Докажано е дека смоквите делуваат за намалување на холестеролот во крвта. Растителните стероли кои ги содржат смоквите се врзуваат за молекулите на холестерол во цревата и со тоа ја спречуваат неговата апсорпција.

Превенција на срцев удар

Омега-3 и омега-6, кои ги има во изобилство кај смоквите, се важни за здравјето на кардиоваскуларниот систем. Тие се добар извор на калиум, минерал кој го регулира крвниот притисок.

Помош во третманот на дијабетес

Поради количината на шеќер што ја содржи, дијабетичарите се советуваат да ги користат со претпазливост. Меѓутоа, ако се користат умерено, може да ја намалат потребата за инсулин кај дијабетичари.

Ја подобруваат меморијата

Редовното земање смокви спречува анемија и ја подобрува меморијата. Само четири смокви (свежи или суви) обезбедуваат дури една четвртина од препорачаната дневна доза на железо во организмот.

Против појава на акни

Користејќи вилушка, направете маска од внатрешната страна на три свежи смокви и една лажица јогурт, а потоа нанесете ја на лицето. Оставете ја на кожата 15-20 минути да се исуши и исплакнете. Истата маска можете да ја нанесете на усните за да се ослободите од испуканата кожа и мртвите клетки.

Прегледи:
581
Објавено на:
24.08.2019