Категории

Засладете го денот со овој неверојатен десерт – Снегулка торта

Тортата „Снегулка “ е едноставна за подготовка, лесна, пенеста и мека. Поради нејзиниот одличен вкус, можете да ја подготвите за секоја пригода.

Потребни состојки за кората:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1/2 кесичка прашок за пециво

 

Потребни состојки за филот:

  • 500 мл. млеко
  • 5 жолчки
  • 100 гр. шеќер
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 50 гр. чоколадо за готвење
  • 200 гр. бисквити
  • 300 мл. павлака
  • 1 кесичка инстант желатин

 

Состојки за украсување торта:

  • 200 мл. слатка павлака или шлаг

 

 

 

Начин на подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот, додадете го брашното и прашокот за пециво. Истурете ја смесата во тава покриена со хартија за печење и печете ја на 2000С околу 30 минути.

Загрејте 100 мл. млеко со ванилин шеќер. Испечената кора избоцкајте ја со чачкалица и истурете го врз неа зовриеното млеко. Оставете да се излади.

Загрејте 400 мл. млеко. Изматете ги жолчките со шеќер, а потоа смесата истурете ја во топлото млеко. Варете ја смесата, мешајќи. Откако ќе зоврие, тргнете го тенџерето од оган. Желатинот додајте го во топлата смеса.

Одделно измешајте 300 мл. павлака и измешајте ја со филот. Оставете ја смесата да се излади.

Ставете ги чоколадото и бисквитите и додајте ги во филот, кој предходно е целосно изладен, па добро измешајте.

Врз кората ставете го кремот. Ставете ја тортата во ладолник да се излади. Потоа изматете ја павлаката или шлагот и премачкајте ја целата торта.

 

Украсете и послужете!

Прегледи:
448
Објавено на:
16.01.2020