Категории

Зависност: Овој човек веќе 25 години се храни во McDonald’s секој ден!

Неговата зависност започнала кога имал само 5 години и не сакал да јаде ништо друго освен храна од овој ланец на ресторани за брза храна. Докторите тогаш го одобриле ова, бидејќи сметале дека е подобро да се храни таму, отколку да не јаде ништо…

Британецот Дени Келер (29) веќе речиси 25 години секој ден вечера во McDonald’s. Дури и за Божиќ. Неговото мени се состои од McChicken сендвич, пржени компирчиња, девет nuggets и Кока – Кола.

Вели дека оваа зависност го осудила на самотија, бидејќи никој не сака да му прави друштво секој ден во овој ресторан.

– Ако некогаш најдам девојка, таа веројатно ќе мора да работи во McDonald’s. Кога се работи за оваа храна, јас сум како зависник од дрога.

Дени годишно троши околу 4.000 евра на менито од овој ресторан, а оваа зависност му прави проблем и при патувањето бидејќи не може да посетува земји каде што нема McDonald’s.

– Сакам само McChicken, се останато ми штети. Имав сепса пред две години, докторите се сомневаа дека можеби е од храната. Кога им кажав што јадам секој ден, се чудеа како сум воопшто жив, раскажува Дени.

По оваа непријатност, се обидел во своето дневно мени да внесе ориз и тестенини, но тоа не завршило добро, па набргу се вратил на старите навики.

Прегледи:
473
Објавено на:
25.03.2018