Кардиологот Хуан Антонио Корбалан истакна дека фудбалерската кариера на Икер Касиљас Фернандез е завршена.
Легендарниот голман доживеа срцев удар на тренингот на Порто и итно беше пренесен во болница каде што му беше извршена хируршка интервенција. Како што претходно изјави неговиот претставник, животот на овој фудбалер бил помалку загрозен затоа што проблемот настанал на терен, каде што медицинските лица брзо реагирале и спречиле посериозни последици.
„По инфарктот на миокардот и вградениот стент Икер Касиљас нема да може професионално да се занимава со спорт“- изјави кардиологот. Тој додаде дека фудбалерот ќе продолжи да живее без никакви потешкотии, но ќе мора да се збогува од професионалниот спорт.
Икер Касиљас се огласи од болницата и наведе дека се исплашил, но се е во ред и под контрола.