Категории

Зборови неискажани и мисли занемарени

Сакам само да знаеш не сум, не бев и нема ни да бидам наивен за да не сфатам што можело да се случи додека те немаше, а и самата знаеш колку е силна мојата интуиција. За жал понекогаш и ти сакајќи или не сакајќи кажуваше работи коа делумно ги откриваа твоите чувства и намери. Жал ми е што некои луѓе ме гледаа во очи и со потсмев прашуваа што се случи меѓу нас, а сепак знаејќи ја вистината за нашиот крај.

Јас навистина не можам да те разберам. После долг период во кој едноставно те снема без трага и глас, покрај тоа што ме повреди како никој и никогаш досега имаше лице и храброст да ме прашаш дали сум ти лут, дали те сакам сеуште, и дали сум те преболил. Каде погрешив?

Не знам, можеби така постапи да не ме повредиш повеќе, или пак да не се повредиш себе си, но ја избра погрешната опција која само можеше да ја разгори омразата која за среќа не ме обзема. Барем сметам дека не заслужив ваков крај.

Но како и да е ќе бидам позитивен, ти го разбуди во мене она кое никој до сега не успеал, го допре она катче од мојата душа, катче кое секогаш трае и не бледее без разлика на минливоста. Ти си трагата која ја следев, а не успеав да ја стигнам.

Не ми преостанува ништо друго освен да ти се заблагодарам за спомените, прекрасните мигови,  и да ти посакам среќни и убави моменти во остатокот од твојот динамичен понекогаш и неразбирлив живот.

Ретко творам

1 2

Прегледи:
877
Објавено на:
21.03.2016