Категории

Зборови за кои не знаевте дека го добиле името според одредени луѓе

Овие зборови ги користиме речиси секој ден, но знаевте ли дека некои зборови го добиле своето име според одредени луѓе?

Бојкот
Чарлс Бојкот не бил многу популарен во Ирска во 1880 година, кога морал да ја напушти армијата поради болест, а потоа почна да работи како агент на еден земјопоседник. Поради големата економската криза Бојкот морал да ја намали цената за изнајмување за 25 отсто, но тој одбил.

Никотин
Кога францускиот дипломат и научник генерал Жан Нико се вратил во Париз од Лисабон во 1561 година, каде што бил амбасадор, со себе го донесе и растението откриено во Новиот Свет. Во 1753 година го добива името Никотиана, а активната состојка на ова растение, која била за првпат била изолирана во 1828 година, била наречена никотин.

Мазохизам
Леополд фон Захер-Мазох бил австриски писател на историски романи со теми од алтернативната сексологија. Неговото најзначајно дело е “Венера во крзно“ објавена во 1870 година. Во романот се опишани сексуалните фантазии и фетиши. Во 1886 година, австрискиот психијатар Рихард фон Крафт-Ебинг го измислил терминот “мазохизам” за да го опише сексуалното задоволство од физичка болка и понижување.

Силуета
Силуетата, првично црн портрет на бела позадина, била уметничка форма која била популарна во 18-тиот и 19-тиот век, а своето име му го должи на францускиот министер за финансии – Етиен де Силуета. Во периодот кога Франција била погодена од кризата Силуета стана државен финансиер. Неговиот мандат траеше три месеци, при што ги намалил платите и пензиите и воведе данок. Граѓаните почнале да цртаат силуети на ѕидовите на зградите со натписи дека така изгледаат жртвите на гладот.

Прегледи:
546
Објавено на:
05.11.2018