Категории

Здрав чипс од тиквички

Кој може да одолее на крцкавите тиквички? Ова не само што се супер вкусни и лесни за правење, туку се и здрави!

Летните денови внимаваме повеќе што внесуваме во нашата исхрана, а пржените тиквици не се баш најповолни доколку сакаме здрава исхрана. Ова е здрава опција на омилениот чипс од тиквички, се прави со малку маслиново масло и сол, а се потпекуваат во рерна.

Загрејте ја рерната на 110 степени целзиусови. Исечкајте ги на тенки ленти тиквичките, а потоа наредете ги на една крпа или хартија, а одозгора покријте ги со друга, за да се впие влажноста која ја имаат. На тава, по можност широка и ниска, ставете хартија за печење и наредете ги тиквичките на начин што ќе има малку простор околу нив и нема да се поклопуваат, што е особено важно.

Потоа со четка нанесете маслиново масло на секое од нив, наросете сол и внимавајте да не нанесете многу. Може да додадете и други зачини по вкус, како оригано. чили, кари…Печете 2 часа или повеќе, додека почнат да добиваат кафена боја и веќе не се меки туку се крцкави. Потоа оставете да се оладат и послужете со некој сос. Наздравје!

 

Прегледи:
2569
Објавено на:
05.07.2017