Категории

Зелен чај – Билката која магично ги топи килограмите

Доколку имате вишок килограми, зелениот чај е еден од најефикасните природни лекови кои ефективно го топат салото. Еве зошто зелениот чај се смета за најдобра билка која помага при слабеење.

Зелениот чај е неверојатно здрав. Содржи антиоксиданси и кофеин кои помагаат во забрзувањето на метаболизмот, го забрзуваат согорувањето на мастите и дури ја подобруваат активноста на инсулинот. Затоа е важно да пиете зелен чај – ако се борите со вишокот килограми. Тоа е потполно здрав и природен начин конечно да ја доведете вашата фигура до совршенство.

Зелениот чај ја зголемува работата на метаболзимот
Конзумирањето на зелен чај согорува калории дури и во мирување. Ова е возможно затоа што зелениот чај ја забрзува работата на метаболизмот.

Зелениот чај делува и против целулит
Пиењето зелен чај може да ви помогне да ослабите – а со самото тоа ќе ја намалите видливоста на целулитот. Исто така зелениот чај ја зголемува потрошувачката на енергија и го спречува штетното дејство на слободните радикали.