Категории

Земјотресот во 14:19 часот е со јачина од 3,7 степени

Во 14.19 часот повторно земјотрес го стресе Скопје, овој пат со јачина од 3,7 степени.

Земјотресот траеше кратко, а ги вознемири граѓаните. Првиот земјотрес денеска беше во 11.50 часот, со епицентар на 5 километри од скопско Арачиново со јачина од 2,3 степени. Последниот земјотрес во 14:19 часот е со епицентар на 9 километри североисточно од центарот на градот на длабочина од 5 километри.

Според Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), вчера во Скопје и во околината се измерени вкупно девет потреси. Најсилниот бил во 15.10 часот, со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Првиот земјотрес бил измерен во 6.58 часот, со јачина од 4,2 степени, а следниот во 7 часот имал јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала. Најсилниот потрес се случил во 15.10 часот.

По најсилниот потрес, во 15.20 часот имало уште шест послаби потреси. Последниот бил во 20.57 часот, со јачина од 2,1 степен според Рихтеровата скала.

Прегледи:
409
Објавено на:
12.09.2016