Категории

Жена го покажа своето тело на фејсбук 24 часа по породувањето и доби подршка од илјадници луѓе

Бременоста е чудо само по себе, тешко е, но искуствата со самото породување се неверојатни и тотално го менуваат човека. Тоа го кажува и оваа жена, која реши да сподели значаен момент за кој никој не зборува.

Sakura Bloom работи во малопродажба на облека, а специјализирана е за продажба на држачи за бебе, неодамна сподели пост од мајката  Erica Andrews кој доби големо внимание заради убавиот опис на чудото наречено породување. Покрај сликата од Ерика, каде се гледа нејзиното тело 24 часа по породувањето, носејќи пелени за возрасни и држејќи го бебето, таа пишува:

„Ова е како изгледа телото 24 часа постпартум. Со бебето. Кожа до кожа. Пелени за возрасни и посебен сјај. Моето тело се чуствува како да истрчало маратон и срцето ми е целосно отворено од вчерашното патување. Породувањето те отвара како земјотресот што ја отвара земјата и суште сум во интимните кревки моменти од тоа отварање.“

Но не е само телото кое се чуствува поинаки, објаснува Ерика „Се чуствувам ранливо. Емоционално. Поинаку. Се чуствувам како да сум во океан исполнет со среќа, благодарност, меланхолија и тага.“

“This is what 24 hours postpartum looks like. Baby in sling. Skin to skin. Adult diapers. And a rosy glow. My body feels…

Posted by Sakura Bloom on Tuesday, January 19, 2016

Постот е споделен над 24.000 пати и има над 100.000 лајкови со илјадници коментари кои ја подржуваат Ерика во споделувањето на овој момент и некои посакуваат да биле похрабри за да зборуваат и да го покажат јавно своето тело, потикнувајќи ги жените да бидат горди на овој момент, бидејќи нема ништо попосебно на светов од носењето на нов живот, а тоа е нешто за кое што сите треба да бидат благодарни.

 

Прегледи:
395
Објавено на:
21.01.2016