Категории

За понежниот пол ! Ако ви се случуваaт овие проблеми со менструацијата, обратете се кај гинеколог !

Тегобите кој се пропратни со менструацијата се воглавно вообичаена работа со која секој месец се борат жените и поради тоа, ТИЕ денови спаѓаат во најомразените. Меѓутоа, некои тегоби и болки даваат знак дека потребно е да се превземат професионални мерки од страна на гинеколог.

Прочитајте кои ситуации ви укажуваат дека нешто не е во ред со Вашата менструација.

Зголемено крварење.

Менувањето тампони и влошки на секои 3-5 часа е нормално. Но доколку има потреба влошката да се промени на секој час, потребно е да посетите гинеколог.

Нередовна менструација

Стресот, лошата исхрана, наглото губење на тежина – сето се тоа причини кои можат да го променат текот на доаѓање на менструацијата. Ништо страшно, сепак, добро е да се посети гинеколог, кој лесно ќе ви ја врати менструацијата со потребни лекови.

Големи болки

Нормално, секоја жена се сретнала со чувството на неопишлива болка во долниот дел на стомакот. Тие грчеви никој не може да ги реши. Сепак, ако секој месец ги имате истите, неиздржливи болки, најверојатно е време да посетите гинеколог за помош.

Прегледи:
509
Објавено на:
10.01.2016