Категории

Жена како жена, ќе те чека некое време, па ќе почне да се лади, исто како кафето

Ја губиш пријателе, ја губиш, слеп да беше ќе сфатеше досега. Каде ти се очите, каде гледаш додека таа упорно сака да ти го направи светот совршен?

Каде гледаш додека она се одидува да се огледа во твоите очи? Ја губиш, таа нема да те чека засекогаш. Ниедна жена на светов нема да дозволи да чека, залудно. Многу ли е некој од тебе да бара малку внимание?

Тешко ли е да подариш дел од вниманието за да ја направиш среќна? Ајде, не ги оправдувам тие што ти бараат ауди, секој ден вечери и поклони. Ама овие од другата страна, што чекаат едно ебано внимание, толку ли е тешко да им го дадеш?

Тешко е да издвоиш половина час од денот за со неа во парк? Половина час за да ја гушнеш, верувај доволно би и било. Таа би те слушала како и зборуваш, што и да е, би те слушала и би те гледала со очи полни живот и љубов.

Се додека ја игнорираш не губи таа, губиш ти. Девојките на кои им го даваш вниманието се тука само една ноќ, па им се губи трагата, а ти трчаш по нив. Па на крајот се враќаш кај неа. И таа те чека, само гласот и трепери, а со очите те избегнува.

А тебе не те ни интересира, не забележуваш, не ја ни прашуваш како е? И како го поминала денот. Ќе ти кажам нешто. Жена како жена, ќе те чека некое време, па ќе почне да се лади, исто како кафето.

Ете тука ќе ти објаснам како всушност ја губиш. Ти додека си живееш животот и знаеш дека те чека дома некој како резерва, некој пробува неа да ја направи среќна и не дозволува да заспие со мисли каде си ти.

А кога друг ќе ти ја насмее пријателе, се си изгубил. Тогаш 24 часа биди со неа и посветувај и го целото внимание, смени се и 365 степени, на глава застани, џабе е.

Тука се заменуваат работите. А животот не би бил интересен ако не се врти. Еден ден тоа што си го правел на другите тебе ќе ти се случи. Тогаш ти ќе молиш за нејзиното внимание ама таа ќе го дава на тој што заслужил.

Жена како жена, доволно паметна и јака да стане на нозе после се и да го сврти тркалото. Таа ќе го прави среќен тој што со поглед сфаќа дека нешто и се случува. Тој што ја чека да му се јави само да и го слушне гласот.

Тој што би излегол, кога било, само за да се огледа во нејзините очи. Е тие, тие се мажи, во вистинска смисла на зборот, тие без кои една жена не би била тоа што е.

А вие што кога ќе видите друга ја заборавате онаа што ве чека, вие не сте мажи, вие сте деца кои трчаат по прости работи, а се додека комплицираните ги оставате на страна, никогаш нема да го почувствувате чувството на вистински маж.

Ивана Кралјевска

Прегледи:
1101
Објавено на:
05.03.2020