Категории

ЖЕНА КОЈА Е ПОРАЗЛИЧНА ОД ДРУГИТЕ! 6 карактерни црти на жените на кои мажите постојано им се враќаат

Жeните кои мажите ги паметат и на кои честопати им се враќаат, дури и по многу години, имаат неколку карактеристики поради кои е тоа така. Се разбира, постојат различни вкусови, кои некои мажи ги претпочитаат, а други не, но ние се водиме од статистиката спроведена на стотици илјади мажи ширум светот. Ви пренесуваме кои се карактеристиките на жените за кои мажите велат дека ги освојуваат засекогаш.

Карактерна

Повеќето жени мислат дека за мажите изгледот е на прво место, но ова е голема заблуда. Тие изгледот го сметаат за најважен само кога сакаат кратка авантура. Она што тие најмногу го ценат кај жените е цврстиот карактер на кој можат да се потпрат.

 

Духовита

Духовита жена, без разлика како изгледа, секогаш ќе привлече маж. Духовитоста оди рака по рака со симпатичноста, подготвеноста проблемот да се сврти често на шега и слично.

 

Различна

Секоја жена носи доза на оригиналност, но многумина не знаат како да ја истакнат оваа карактеристика. Мажите особено ги привлекуваат жените кои се разликуваат во нешто од повеќето други и кои го знаат тоа и го покажуваат. Нагласете ги своите скриените страни без срам.

 

Верна

Секако, сите сакаме партнер кој нема да не излаже и изневери, па затоа и мажите сакаат верни жени. Довербата во врската и бракот е основата.

 

Добра љубовница

Интимната страна е една од најважните во односот помеѓу маж и жена. Обидете се секогаш да бидете иновативни во кревет за човекот што го сакате. Ова е особено важно за оние во долгогодишни врски кои со текот на годините влегуваат во рутина – тоа уништува многу врски и бракови.

 

Недостапна

Не бидете секогаш достапни. Не брзајте веднаш да се јавите на повикот или пораката. Бидете понекогаш недостапни, одбијте ја понекогаш интимноста, излегување и слично. Ова мажите ужасно ги возбудува и привлекува, затоа што остава впечаток на недопирливост, а и во него може да се разбуди чувство за слобода. Двојна победа!

Прегледи:
656
Објавено на:
02.04.2020