Категории

Жена на која ѝ велеле дека нема да може да има деца по природен пат роди тројка

Чуда се случуваат, а Дона Картер може да го потврди тоа.

Кога имала 24 години, на Дона ѝ бил дијагностициран синдром на полицистични јајници, здравствена состојба која влијае негативно на плодноста. Докторите ѝ рекле дека шансите да зачне по природен пат се минимални (еден на 200 милиони).

„Беше голем шок. Докторите ми рекоа дека шансите се еден на милиони, исто како да добиеш на лотарија“ – рекла таа.

Сепак, десет години подоцна, Картер може да се пофали со статусот мајка, и тоа не на едно, туку на три бебиња зачнати по природен пат.

„На 24 години ми рекоа дека нема да можам да имам деца, а сега сум благословена со 3 на 34 години. Во петтата недела од бременоста ми кажаа дека има три срцебиења“ – изјавила среќната мајка.

Иако во текот на бременоста се појавиле компликации, поточно прееклампсија, Дона родила здрави бебиња кои биле крстени Адам, Мајлс и Демијан.

02

Кога ги видела своите чеда за првпат, Дона не можела да ги контролира емоциите. „Бев надвладеана од емоции, очите ми беа полни со солзи, а и бабицата плачеше. Поради реткоста на ваквите раѓања, во болницата нè посетија многу студенти. Бебињата беа на одделение за неонатална нега само еден ден, а потоа беа добрo“ – раскажала таа.

03 04

Прегледи:
385
Објавено на:
20.08.2016