Категории

Жени кои знаат за основна култура: Ова се особините на вистинските дами!

Дамското однесување можеби се смета дека се ценело повеќе во минатото, но постојат одлики на жените кои се сметаат за дами кои важат и денес. Ова се особините кои ги красат жените кои многумина ги сметале за дами.

1. Вистинските дами немаат тетоважи на видливи места од телото. Тоа за нив е интимна работа.

2. Вистинските дами секогаш се одзиваат со „молам“, а не со „што е“. Основната култура е најважна.

3. Вистинската дама никогаш нема да запали цигара на улица. Пушењето доаѓа во предвид само во некоја просторија.

4. Вистинските дами се секогаш пристојно облечени. Ни премногу, ни премалку. Едноставно, фино изгледаат во секое издание.

5. Вистинските дами никогаш не се расправаат. Тие имаат став: Кавгата не решава ништо и не носи ништо позитивно.

6. Вистинските дами никогаш не пцујат. Никогаш нема да слушнете од вистинска дама лош или навредлив збор. Тоа е под нивното ниво.

7. Вистинските дами никогаш нема да си дозволат себеси да бидат во друштво на некултурни личности, без разлика дали се од машки или женски род. Тие стојат понастрана од нив  не поддржуваат такво однесување.

8. Вистинската дама секогаш мириса убаво. Не претерано, но секогаш мириса. Секогаш на себе има некој пристоен парфем со стил.

9. Вистинската дама има гордо држење. Рамен грб и сигурен став е одлика на достоинство.

10. Вистинската дама не носи многу накит. Суптилни обетки, некој тенок прстен и ланче, оддаваат впечаток на нежна жена.

11. Вистинската дама секогаш знае што сака, а што не.

12. Вистинската дама секогаш изговара „молам“ и „благодарам“,

13. Вистинската дама не е надмена, таа е едноставно достоинствена.

14. Вистинската дама не е гласна, таа е воздржана.

15. Вистинската дама не лаже, таа секогаш го изнесува своето мислење.

16. Вистинската дама не сака да изгледа како некој друг, таа има свој стил и манири.

Прегледи:
1613
Објавено на:
18.10.2021