Категории

Жени со чинии во усните: Зошто жените во Етиопија го следат овој обичај?

На девојките помеѓу 15. и 16. години, мајките им ги расекуваат усните и им ги кршат двата предни заби на долната вилица, за да можат да им стават мала чинија (најчесто дрвена или глинена).

По долината на реката Омо во Етиопија населени се неколку племиња. Едно од нив е племето Мурси кое живее во близина на границата со Судан.

Носијата на ова племе е многу богата и разновидна, а посебно се познати жените од ова племе поради чиниите кои ги носат во устата.

Од каде потекнува овој обичај?

Не се знае точната причина, но се верува дека овој обичај потекнува од времето кога во Африка имало ловци на робови. За да им бидат неатрактивни, се претпоставува дека жените намерно се огрдувале на овој начин за да го избегнат ропството.

Покрај оваа, постојат уште две теории. Едната  вели дека Мурсите вруваат дека лошите духови влегуваат преку уста, па со помош на чинијата се бранат од нив. Другата теорија вели дека од големината на чинијата зависи и миразот. Колку е чинијата поголема, толку е поголем и миразот.

Прегледи:
811
Објавено на:
07.05.2020